среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 8

Обука за наставниците кои работат со деца со пречки во развојот

Наставниците и стручните лица кои работат со деца со пречки во развојот од денеска до петок во Скопје ќе поминат низ обука, организирана од страна на Турската владина Агенција за соработка и координација (ТИКА) во соработка со здружението „Бела месечина“ од Турција кое делува во областа на дефектологијата.

obuka-defektolozi

Поврзани вести

Наставниците и стручните лица кои работат со деца со пречки во развојот од денеска до петок во Скопје ќе поминат низ обука, организирана од страна на Турската владина Агенција за соработка и координација (ТИКА) во соработка со здружението „Бела месечина“ од Турција кое делува во областа на дефектологијата.

За време на петдневната обука, експерти од Турција ќе се обидат да им ги пренесат своите искуства на колегите од Македонија, по што е планирано претставници од Македонија да ја посетат Турција.

Целта е да се придонесе во подобрување на квалитетот на образованието на овие деца, а идејата, како што беше посочено на денешниот почеток на обуката, потекнува од декември минатата година кога претставници на здружението „Бела месечина“ ја посетиле Македонија.

Од ТИКА најавија дека се планира и посета на државните институции кои работат со деца со пречки во развојот, со цел да се помогне во подобрување на условите за работа во овие установи.

Директорката на посебното основно училиште „Златан Сремац“, Ана Шикалска на официјалниот почеток на обуката истакна дека Македонија има доста направено на ова поле посочувајќи ги притоа задоволителниот број на установи, значителниот број стручни лица кои работат со деца со пречки во развојот, формирањето на голем број невладини организации, како и преземањето на сериозни чекори за инклузија на овие деца во редовниот образовен систем.

Најчитани вести