Обука за подготовка и аплицирање на европски проекти

Стопанска комора на Македонија организира обука за подготовка и аплицирање на европски проекти, запознавање со новите Европски програми 2014-2020 достапни за компаниите и можностите за учество и подготовка на европски финансирани проекти.

Како што соопштуваат од Комората, обуките се иницирани од досегашното искуство во работењето со ЕУ како и со други видови на фондови и фондации, од кое е утврдено дека создавањето капацитети за апсорпција на овие фондови е од суштинско значење за бизнис секторот.

Семинарот нуди теоретски и практични знаења кои се применливи во најразлични организации и е наменет за приватниот сектор, универзитети, невладини огранизации…