Обука за претприемачи во организација на УМС

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и заменик-министерот за образование Спиро Ристовски денеска се обратија на обуката за млади претприемачи која се одржа во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. 

obuka_2

Пешевски истакна дека економијата на секоја држава се базира на претприемачите, бидејќи како што нагласи оние 2 до 3 проценти коишто имаат храброст да се впуштат во нивна реализација се оние коишто креираат нова вредност и нови работни места.

Целта на денешните обуки, рече Пешевски, e да ги стимулираат малдите во што поголем број да ги научат барем тие принципи и да се охрабрат да отпочнат свој бизнис.

obuka_3

– Владата има низа на програми коишто во разни институции се насочени кон помагање на претприемаштвото и во делот на обуки и во делот на обезбедување на финансиски средства било со кофинансирање било со субвенционирање и кредити или за отворање на нови работни места преку Агенцијата за вработување. Сите тие се само еден дел од севкупниот механизам на подобрување на економската состојба во државата, но сепак, сето тоа се тие 2 до 3 проценти квалитетни луѓе коишто го развиваат тој предприемачки дух, посочи Пешевски.

obuka_4

Според него за иднината на Македонија е многу важно да се работи на ова поле и да имаме што подобри резултати на тоа поле.

– Вкупно до сега оваа обука ја имаат посетено околу 250 млади лица коишто веруваме дека ќе ги искористат знаењата што ги стекнале во однос на развивање на сопствен бизнис идеја, тие веќе научиле како да развијат сопствен бизнис план и добиле инспирација и мотивација од нашите од нашите говорници кои што ќе ги користат понатаму во својата работа, истакна потпретседателката на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Маре Ушковска.

Ова е втора обука за млади претприемачи во само неколку месеци. Првата беше одржана во септември годинава.