Обука за пристап до информации од јавен карактер

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ќе оддржи регионална обука на тема „Правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер“.

Обуката е наменета за граѓаните и за службените лица кај имателите на информации од јавен карактер, кои директно учествуваат во спроведување на Законот. Целта на обуката е подигање на јавната свест и степенот на запознаеност на граѓаните со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и измените на истиот од 2010 година, за можностите кои произлегуваат од него, како и за начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации.

Обуката ќе ја спроведат обучувачи од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Обуката во Штип ќе се оддржи на 30 јуни 2014 (понеделник) во големата сала на општина Штип.

Се покануваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на оваа обука за да се запознаат со новините од Законот.