Обука за вработување на млади лица

Здружението на студенти и младинци со хендикеп (ЗСМХ), во соработкa со УСАИД Македонија и Здружението на бизнис жени во Македонија организираат обука „Како се бара работа“ за лица со и без хендикеп.

Оваа обука ќе им помогне на младите да се доближат и бидат конкуренти на пазарот на трудот и ќе трае пет дена. За да аплицираат младите лица треба да се на возраст од 15 до 27 години, да не се во образовен процес и да не се пријавени во Агенцијата за вработување.