Обуката во здравствениот сектор и подобра економска соработка со Куба

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски го прими во проштална посета амбасадорот на Република Куба за Република Македонија, со седиште во Софија, Тересита Де Хесус Капоте Камачо.

На средбата беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји. Истакната беше потребата од регулирање на договорната состојба во области каде имаме интерес за интензивирање на соработката меѓу двете држави.

Во фокус на интересот се обуката во здравствениот сектор и подобра основа за економска соработка. Беа разменети и мислења за актуелните меѓународни прашања, како и за регионалните теми, вклучително и надворешно-политички приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји.