Македонија

Обуки за дефицитарни занимања за триста невработени лица

Обуки за дефицитарни занимања за триста невработени лица

Обуки за дефицитарни занимања за триста невработени лица. Невработените од утре ќе имаат можност да аплицираат за овие обуки со цел полесно да најдат работа на пазарот на труд.

Приватните компании имаат потреба од обучен и квалификуван кадар, од работници кои ги познаваат вештините и знаењата ко се побарувани на пазарот на труд. Во соработка со Агенцијата за вработување нудиме можност за 300 невработени лица да посетат една од обуките во приватните компании кои имаат сертифицирано програми за обука, да се стекнат со дополнителни вештини, да ја зголемат својата шанса за вработување. За реализација на оваа мерка се обезбедени околу 15 милиони денари, очекуваме на јавниот повик да се пријават поголем број на невработени лица и да се стекнат со обуки како што се агрон заварувач, фасадер, монтажер на соларни панели, ракувач со дигалка и со виљушкар и низа останати обуки кои што ќе бидат дел од огласот кој ќе го објавиме во текот на утрешниот ден, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов по посетата на компанијата „Техногума“ каде веќе се спроведуваат вакви обуки од претходните огласи.

Утре се објавува третиот оглас за обуки за дефицитарни занимања

Директорот на АВРМ Влатко Поповски смета дека ваквиот тип на обуки во кои невработените се обучуваат директно во работна средина се можност тие да се стекнат со работни навики и да работат со софистицирани машини.

Обуки за дефицитарни занимања за триста невработени лица
Обуки за дефицитарни занимања за триста невработени лица

Како што рече, на тој начин, невработените ќе добијат соодветно искуство и полесно и поскапо ќе можат да се продадат на пазарот на труд.

Ние утре го објавуваме третиот оглас за дефицитарни занимања. На првиот имавме 180, на вториот 220 и сега 300 невработени лица за обуки за некоја од побаруваните вештини, истакна Поповски.

Тој информира дека постојано се работи со компаниите и работодавачите да се види какви вештини се потребни, каде можат да се обучуваат лица за таквите вештини, но и да се мотивираат компаниите кои досега не регистрирале обука, а можат да обучуваат за такви дефицитарни вештини да станат обучни центри.

Спасов и Поповски денес ја посетија компанијата која изработува производи од гума. „Техногума“ започна да учествува во мерките што ги нуди АВРМ за обука за побарувани занимања на пазарот на труд, но истовремено е и компанија која започнала да произведува производи за дел од странските инвеститори кои отворија фабрики во Македонија.

Министерот очекува компанијата да ги искористи и останатите можности кои се нудат за вработување.

-Позитивно е да се истакне што оваа компанија е една од 20-те кои досега регистрира посебна сертифицирана програма за обука на невработени лица. Овде има околу 6 лица кои посетуваат неколку месечна обука за побарувани занимања на пазарот на труд, дел од овие обучени лица ќе се варботат во компанијата, дел ќе си го најдат своето работно место во останатите приватни компании во Македонија, додаде Спасов.