Обуки за поддршка на самохрани мајки

Во рамките на проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“ започна спроведувањето на првиот циклус обуки за професионална комуникација, менаџмент, тимска работа, управување со луѓе, задачи и време, вештини за вработување и изработка на бизнис план.

Првата од циклусот обуки “Професионална комуникација и асертивност” започна вчера во Општина Центар, а на неа присуствуваат дваесет жени, самохрани мајки, со процент на жени жртви на семејно насилство.

Во рамките на проектната програма обезбедена е и просторија за престој на децата за кои се грижи професионален тим.

Цел на проектот е спроведување сеопфатен модел за поддршка на самохраните мајки (особено на жртвите на семејно насилство) за да им помогне во потрагата и искористувањето на можностите за постојано вработување и самовработување, во соработка со општините, одговорните институции и бизнис секторот, преку соодветни обуки и менторски процеси.

Проектот го спроведуваат организациите: Бизнис конфедерација на Македонија, Институт за менаџмент поддршка и Здружение на бизнис жени, финансиран преку ИПА 1 програмата, во текот на 2017 година, во повеќе фази во општините: Битола, Штип и Скопје (Општина Центар).