Обвинение за момчето осомничено за убиство на Детската клиника

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против Н.К. (22), кој во јануари годинава ја задави и фрли од седми кат бремената медицинска сестра Д.З.

Обвинетиот на деветти јануари годинава во кругот на комплекс Клиники „Мајка Тереза“ во потпокривната просторија на Клиниката за детски болести на седмиот кат, со умисла ја лишил од живот оштетената, сега покојна.

Обвинетиот знаел дека жртвата е бремена. Тој делото го извршил по претходна вербална расправија, по што ја турнал сега починатата на подот. Жртвата при падот удирајќи со главата на подот, се здобила со повреда која не била животно загрозувачка. Користејќи ја состојбата во која оштетената, поради повредата, не можела да дава отпор, обвинетиот со едната рака ја фатил за вратот и почнал да ја стега, а со другата рака во исто време и ги затнал носот и устата, давејќи ја се додека не престанала да покажува знаци на живот.

Како резултат на насилното задушување кај оштетената настапила смрт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.