Обвинет за убиство на Немцов ја призна вината

Заур Дадаев, еден од обвинетите за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов се изјасни за виновен за делото за кое се товари, јави ТАСС.

Судијата Наталија Мушникова соопшти дека обвинетиот ја признал вината и ќе биде во притвор до 28 април. Освен признанието тој само побарал да има фер судење.

Другиот обвинет, Анзор Губашев пред судот изјави дека е невин по обвиненијата, но и тој останува во притвор.

Мерка притвор е изречена и за другите тројца осомничени за соучество во убиството на Немцов, Хамзда Бахаев (45), Тамерлан Ескерханов (34) и Шагид Губашев (31). Тие се осомничени за соучество во убиство, извршено како дел од организирана криминална група, како и за незаконско поседување оружје. Судијата Мушникова потенцираше дека тие се осомничени за тешки кривични дела за кои се предвидува затвор до 10 години или дожевотен затвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.