Обвинетите во „Агент“ денеска очекуваат пресуда

Судот денеска ќе ја изрече пресудата за шестмината обвинети во случајот „Агент“ поврзан со продажбата на државното земјиште во близина на спортската арена „Борис Трајковски“.

Шестмината обвинети, Васко Томановиќ, Митја Валич, Слободан Богоевски, Владимир Пешликоски, Даниела Трајковска и Ален Јегени, се товарат перење пари и други приноси од казниво дело, фалсисификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина и злоупотреба на службената положба и овластување. По словенечкиот државјанин Митја Валич, полицијата сè уште трага.

Акцијата беше спроведеноа во април годинава. Како што наведе тогаш полицијата, обвинетите го искористиле раскинувањето на Договорот за доделување на градежното земјиште на користење, склучен во 2000 година помеѓу Министерството за урбанизам и градежништво на РМ и фирмата „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ од Никозија, Кипар, а со цел да прикријат незаконски стекнати парични средства во износ од 62.855.196 денари, изготвиле Договори со невистинита содржина помеѓу дел од нив и фирми во нивно владение, за наводно посредување за раскинување на споменатиот Договор, кој претходно веќе бил раскинат).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.