Обвинетите за „Монструм“ ќе бидат ослободени исто како обвинетите од „Сопот“

Адвокатот Насер Рауфи предвидува дека исходот од судскиот процес за случајот „Монструм“ ќе биде како како кај случајот „Сопот“. Тој очекува дека во првите пет или шест судски рочишта ќе има епилог кој ќе биде целосно повлекување на обвинението.

Рауфи во текот на емисијата „Вокс“ на телевизија „Шења“, рече дека Специјалното Обвинителство ќе ги открие и вистински автори на случајот со помош на кодирани сведок кој зборуваше за време на првичниот судски процес.

Мислам дека ќе има ист резултат, епилогот ќе биде ист како во случајот “Сопот“, со повлекување на обвинението од страна на Специјалното Обвинителство. Но, колку што јас сум информиран, Специјалното обвинителство сè уште ја нема завршено целосно истрагата. Мислам дека со ова истрага што ќе биде завршена, според моите информации, мислам дека во овој случај ќе се види кои се реализатори на овој грозен криминал. Мислам дека овој случај ќе има краток епилог во временски интервал, не толку краток како кај случајот “Сопот“ одкако интервенираше СЈО, но релативно, мислам дека со 4 или 5 сесии, СЈО ќе излезе со повлекување и на ова обвинение, вели Рауфи.

Тој дополни дека верува оти СЈО ќе дознае кој е кодираниот сведок и него ќе го искористи како сведок на настанот. Но, со оглед на чувствителноста на случајот, СЈО има потреба за закон за заштита на сведоци, но, според него, тоа не е задолжително. Дури и без законот за сведоци, Рауфи верува дека СЈО може да дејствува.

Самата идентификација на ова лице ќе го расветли случајот зошто мислам дека оваа личност на крајот ќе соработува со СЈО и ќе го каже целото монтирање … Но, мислам дека досега не го знаат идентитетот на оваа кодирана личност, мислам дека се чека законот за кодирани сведоци, измените на законот, и во тој стадиум по донесувањето на овој закон, мислам дека со самиот идентитет, без разлика зборувам хипотетички и да не е овој законот, СЈО треба да го знае идентитетот на оваа личност бездруго, не само СЈО, туку и судското тело, смета тој.

Рауфи како можност за акција за СЈО ја гледа соработката со судското тело, кој го има идентитетот на кодираниот сведок. Рауфи вели дека идентитетот на оваа личност мора да го знае и СЈО, бидејќи постои веројатност ово лице да е компромитирана личност или член на тајната служба и слично, и без да се открие неговиот профил, нема значење ниту понатамошното истражување.

Мислам дека станува збор за едно монтирано лице од страна на тајната служба, дури може да биде и криминалец и со самиот идентитет кого барем судското тело кои што го води случајот мора да го знае, ќе помогне да се расчисти овој случај што е можно поскоро , без оглед на тоа дали СЈО ќе го знае, но убеден сум дека СЈО дури и без промена на законот за заштитени сведоци ќе го знае идентитетот на оваа личност, вели Рауфи.

Специјалното обвинителство објави дека го примиле случајот „Монструм“ на 21-ви март. Катица Јанева кажа дека има прислушкувани разговори за овој случај и затоа дојде до заклучок дека овој случај му припаѓа на СЈО.

Телевизија „Шења“, повикувајќи се на сопствени неименувани извори, објави дека Фатиме Фетаи ќе биде обвинител на овој случај, но и дека на првата судска седница таа ќе побара дополнително време за да собере повеќе докази за што постои можност обвинетите да се ослободат од обвиненијата и да се најде вистинскиот автор на петкратното убиство.