Обвинителен предлог за сообраќајката во која загина Петар Милошевски

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сообраќајната незгода во која животот го загуби спортскиот директор на Фудбалската репрезентација на Македонија, Петар Милошевски.

– По завршување на истражната постапка, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ (член 300, став 4 во врска со член 297, став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик), за сторена сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а три лица беа повредени, се наведува во денешното соопштение од Основното јавно обвинителство Куманово.

Сообраќајната несреќа се случи на 13 март минатата година, кога во 23:10 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, обвинетиот – возач на џипот, удрил во возилото во кое се наоѓал сега починатиот, стои во соопштението.