Обвинители под истрага зашто го прогласиле за лажен заговорот за убиство на ќерката на Ердоган

Високиот совет на судии и обвинители во Турција отвори истрага против двајцата обвинители кои како невистинита ја оценија приказната за заговор за убиството на Сјумеје Ердоган, една од двете ќерки на претседателот Реџеп Таип Ердоган, информира весникот „Хуриет дејли њуз“, пренесува МИА.

Во февруари Главното обвинителство во Анкара почна истрага во врска со тврдењата, лиферувани во некои провладини турски весници, дека врз Сјумеје Ердоган се подготвувал атентат.

Во февруари Главното обвинителство во Анкара почна истрага во врска со тврдењата, лиферувани во некои провладини турски весници, дека врз Сјумеје Ердоган се подготвувал атентат.
Во февруари Главното обвинителство во Анкара почна истрага во врска со тврдењата, лиферувани во некои провладини турски весници, дека врз Сјумеје Ердоган се подготвувал атентат.

Според информациите, турското разузнавање пресретнало кореспонденција на Твитер, што откривала дека „паралелната структура“ (следбеници на движењето „Хизмет“ на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен) подготвува атентат врз Сјумеје Ердоган пред парламентарните избори на 7 јуни, со цел Реџеп Таип Ердоган да го држи настрана од предизборната кампања.

Под кореспонденција се сметале разменетите лични ставови на Твитер меѓу опозициски пратеници и турски новинари. Двајцата пратеници тогаш категорично ги отфрлија овие тврдења и се пожалија во обвинителството.

Обвинителите Хусеин Парлакалач и Мустафа Гокај поведоа неколку судски предмети против весниците за изречена клевета, а Главното обвинителство на Истанбул за фалсификуван го прогласи претпоставениот заговор за убиството на Сјумеје Ердоган, напиша весникот „Џумхуриет“.

Ердоган стави крај на мирот со Курдите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска стави крај на мировниотт процес со Курдите.

Тој додаде дека е невозможно продолжување на мировниот процес во услови кога „милитантите ги поткопуваат национаното единство и интегритет“ на Турција.

Мировните преговори во ќорсокак

Турско-курдскиот мировен процес започна кон крајот на 2012 година, по што на почетокот на следната година Курдската работничка партија (ПКК) прогласи прекин на огнот и започна со повлекување на своите борци во северен Ирак. И покрај почетниот напредок, во последниве месеци мировните преговори западнаа во ќорсокак.

Јазот меѓу Турција и ПКК дополнително се продлабочи изминатиов викенд кога при напад на припадници на групата загинаа двајца турски полицајци. Нападот, уследи по бомбардирањата на турското Воено воздухопловство на позиции на курдските борци во северен Ирак во петокот, по што ПКК прогласи крај на примирјето.

Турските авиони ги извршија нападите врз позициите на ПКК, но и на џихадистичката група Исламска држава во Ирак и во Сирија, како одговор на минантонеделниот самоубиствен бомбашки напад во турскиот град Суруч, при што загинаа 32 лица.