Обвинителката Фетаи денеска се избрука во судница

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска се одржува судското рочиште за случајот поврзан со насилните случувања во Општина Центар по обвинението поведено од страна на Специјалното јавно обвинителство.

Настапот на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи на денешното судење предизвика смеа кај присутните, пишува „Курир“.

Тотално боса и со бројни опомени од судијката, Фетаи покажа дека е целосно неподготвена за расправата и покажа класично непознавање на процедурите.

Фатиме нема никакви докази, но инсистира на запирки при својот настап со цел тие да влезат во официјалниот записник, на што на секое споменување ја засмејуваше присутната јавност.

Како вистински почетник, Фетаи кажа дека доказите, за кои сама тврди дека ги прибавила, не знае дали се тие кои ги поседува Судот, бидејќи не може да ги спореди од причина што заборавила да ги понесе со себе.

Поради типични излетувања во нејзините искази, специјалната обвинителка стана цел на потсмев во судницата, на што се пожали дека не било коректно што дел од присутната јавност се смешкала кога таа говорела.

На прашање на судијката, Фетаи не знаeше колкав број на предмети добила од обвинителството во рацете на СЈО. Судијката Татјана Михајлова три пати ја опомена Фетаи и ја предупреди дека ќе ја казни и отстрани од судницата.

Фетаи денеска во судницата покажа еклатантно непознавање на процедурите и законските правила, таа не знаеше дали се работи за подготвителна расправа или за главен претрес.