Обвинителката од СЈО призна дека на прислушкуваните материјали може да се додаваат и менуваат реченици

На почетокот на расправата на случајот „Траекторија“, обвинителката на СЈО Лиле Стефанова призна дека на незаконски аудио материјали можно е да се додаваат разговори и технички да се вметнуваат парчиња кои во суштина не биле кажани.

Таа додаде дека тоа не е случај со СЈО, но доколку би биле дадени на други субјекти, истото би можело да се случи.

Ова отвора голема дилема со оглед на тоа дека СЈО во реалноста делува како политички механизам на СДСМ, а шрвиот човек на ова обвинителство е со потпишана пристапница на владејачката СДСМ.

Дилемата е дали СЈО или некој друг од истата провиненција креира и лепи разговори кои потоа се употребуваат во доказна посталка?

Дополнително,  бидејќи овие материјали СЈО ги доби од СДСМ, што значи дека таму можеле да имаа директна улога во нивното креирање.