22.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Обвинителство ќе ја истражува несреќата на кајмакчалан

Македонското обвинителство отвора истрага за смртта на двајцата планинари кои загинаа на Кајмакчалан.

Според извори од обвинителството, се чекаат резултатите од обдукцискиот наод изготвен од Судската медицина во Солун, по што ќе бидат преземени потамошни истражни дејства.

Од обвинителстово засега не откриваат кој се ќе биде сослушан во врска со трагедијата која се случи на Кајмакчалан, дали ќе бидат земени изјави од учесниците на двонеделната планинарска тура, водичите и организаторите од планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје.

Истрага за случајот се води и од страна на грчките надлежни институции, кои соработваат со македонската полиција за разветлување на причините за трагедијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.