Македонија

Обвинителство: Нема кривично дело во случајот „Македонска банка“

Обвинителство: Нема кривично дело во случајот „Македонска банка“

Основното јавно обвинителство денеска преку соопштение се прознесе во однос на кривичната пријава на СДСМ која ја поднесе против премиерот Груевски за случајот „Македонска банка“.

Јавното обвинителство објавува дека по извршената сеопфатна анализа и истрага во која биле темелно проверени наводите за кој СДСМ го обвинува Груевски, било утврдено дека Никола Груевски ниту можел, ниту извршил кривичнио дело за кое СДСМ го обвинуваше.

За време на спроведената истрага со цел да се проверат наводите во пријавата Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција извршилапроверки, односно се обратиле до Архивот на Република Македонија, Народна банка на Република Македонија, Централниот депозитар на хартии од вредност, како и до ликвидаторите на Македонска банка АД и брокерската куќа Макброкер АД.

Во соопштението на Јавното обвинителство стои дека „од анализата на прибавените материјални докази произлегува дека нема основи на сомнение за сторено кривично дело – Противзаконито посредување по чл.359 од КЗ”.

„ И покрај тоа што Јавното обвинителство констатирало низа несоодветности во пријавата на СДСМ како и фактот што се работи за застарен случај со изминати над 10 години, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се впушти во проверка на основаноста на наводите во кривичната пријава и при тоа е констатирано дека во конкретниот случај нема елементи ниту основи на сомнение дека се сторени пријавените кривични дела, ниту други кривични дела за кои се гони по службена должност, заради што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука за неповедување на кривичната постапка“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.