Oбвинителство обезбедило траги и видео снимки од менувачницата во Кисела Вода

Од Oсновното јавно обвинителство во Скопје соопштија во понеделникот вечерта дека извршиле увид на лице место заедно со увидна екипа од крим техника во менувачницата во Кисела Вода каде што попладнето при обид за разбојништво две лица беа убиени од страна на сопственикот.

Надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на починатите и вештачење на прибраниот доказен материјал. Обезбедени биле траги од лице место, како и снимките од видео надзорот од менувачницата.

Од обвинителството информираат дека го утврдиеле идентитетот на едно од починатите лица и дека во моментов работат на идентификација и на второто починато лице.

Претходно во понеделникот попладнето околу 16,30 часот во менувачница во скопската населба Кисела Вода, на булеварот „Борис Трајковски“  две лица се обиделе да извршат разбојништво со закана со огнено оружје при што и физички го нападнале сопственикот на менувачницата, по што тој одговорил и со пиштол ги застрелал двајцата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.