Обвинителство отвора канцеларија за односи со јавност

Јавното обвинителство на Република Македонија денеска ќе ја претстави новоформираната канцеларија за односи со јавноста.

На средбата со новинарите ќе бидат претставени одговорното лице за односи со јавноста, идните чекори во градење заемна комуникација со медиумите, програма за презентација на информациите во јавноста и мерките кои Јавното обвинителство ќе ги преземе во сферата на транспарентното информирање.

„Тргнувајќи од потребата за обезбедување поголема јавност на работата на Обвинителството и на примената на кривичните закони,  како и со цел овозможување на континуирана достапност на навремени и точни информации за медиумите, Јавното обвинителство на Република Македонија го формираше Одделот за односи со јавноста во сопствените редови“, соопшти Обвинителството.