Обвинителство побара запирање со објавувањето материјали од случајот „Пуч“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата помеѓу претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, дошле до медиумите, соопшти денеска ОЈО.

Оттаму нагсасуваат дека објавувањето на материјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција упати Барање до МВР на РМ да стапи во контакт со мрежата на која што беше објавен материјалот за негово отстранување како и отстранување на сите слични материјали кои би се појавиле во иднина“, се вели во соопштението.

Согласно законот, Нетпрес ќе ги тргне посочените видеа кои беа преземни од сервисот YouTube, и во иднина нема да објавува материјали кои би можеле да бидат предмет на кривична постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.