Обвинителство: Починатата жена во Велгошти е со видливи траги на насилство

Дежурен јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Охрид доцна попладнево изврши увид на лице место во семејна куќа во охридското село Велгошти, каде беше пронајдено безживотно тело на жена, информира Обвинителството.

Починатата ја пронашле соседите во нејзиниот дом, каде што живеела сама. На телото биле видливи траги на насилство.

По наредба на јавниот обвинител, на лице место се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице.

Се трага по сторителот.