Обвинителство предложи да му се одзеде пасошот на Зоран Заев

Заев ги проби сите рокови за предавање на прислушуваните материјали
Заев ги проби сите рокови за предавање на прислушуваните материјали

Во Основниот суд Скопје 1 за денеска беше закажано ново рочиште на судењето  случајот  „Пуч“, откако минатиот пат судијката Љубинка Башевска констатираше дека нема услови да го почне глаавниот претрес поради неприсуство на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е четвртообвинет.

Заев, на минатото рочиште, не се појави во Кривичниот суд, иако, како што констатираше судијката Башевска, примил уредна покана
Заев, на минатото рочиште, не се појави во Кривичниот суд, иако, како што констатираше судијката Башевска, примил уредна покана

Откако и денешнoтo закажано  рочиште за случајот „Пуч“ беше одложено, поради отсуството на лидерот на СДСМ, обвинителството даде предлог да му се одзеде пасошот на Зоран Заев.

Зоран Заев, на минатото рочиште, не се појави во Кривичниот суд, иако, како што констатираше судијката Башевска, примил уредна покана. Адвокатот на Заев, Филип Медарски, истакна дека овој предмет треба да падне под надлежност на специјалниот јавен обвинител, што беше постигнато со политичкиот договор. На ова судијката реплицираше дека судот работи со факти, а не по политички договор и истакна дека доколку Заев ни денеска не се појави во судот ќе издаде наредба за негово стражарно приведување.

Зоран Заев, уште кога беше позитивно оценет обвинителниот акт, изјави дека не го признава судот и дека нема да присуствува на закажаните судски рочишта, ниту, пак, ќе ја почитува мерката, која му беше определена, да се јавува во Судот секој понеделник во 9 часот. За непочитувањето на превентивната мерка од негова страна, минатиот месец беше соопштено дека Основниот суд Скопје 1  испратил известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, но оттаму се уште не се произнеле.

Во судскиот процес „Пуч“ обвинети се и поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие се товарат за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.