Обвинителство прими пријава против синот на Верушевски

Основното јавно обвинителство информира дека од страна на Министерството за внатрешни работи е поднесена кривична пријава против лицето Г.В., син на екс-директорот на ДБК, Зоран Верушевски.

Според соопштението на Обвинителството, Г.В. се товари за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Надлежниот обвинител ги презема законските активности и мерки за постапување по кривичната пријава.​