Обвинителството бара доживотен затвор за обвинетите во „Диво Насеље”

Во Врховниот Суд денеска обвинителството ги кажа завршните зборови за случајот „Диво Насеље”, кој ја потресе македонската јавност.

Обвинителот истакна дека бара највисоки кази за обвинетите за настаните во кумановско, објаснувајќи кој од групата осомничена за тероризам каква задача имал во Куманово. Дел носеле храна, дел се грижеле напаѓачите да преминат илегално од Косово, а дел да го обезбедат оружјето. Тој побара доживотен затвор.

Обраната завршниот збор ќе го има на наредното рочиште.

За потсетување, инцидентите во Диво Насеље се случи на 9 мај 2015 година, а на 37 лица им се суди за тероризам. Во судир помеѓу полицијата на вооружена група во кумановската населба Диво насеље, загинаа осум полицајци и десет припадници на вооружената група.

Судењето за „Диво Насеље“ почна во февруари минатата година. Во овој случај обвинети се 37 лица за тероризам и терористичка организација.

На 9 мај пред две години во населбата Тоде Мендол, или Диво насеље, се случи вооружен судир помеѓу вооружена група и македонската полиција. Судирот траеше два дена а епилог од истиот беа, осум загинати припадници на македонските безбедноси сили а 37 беа ранети, додека од друга страна 10 членови на вооружената група беа убиени, од кои 9 беа косовски државјани.