Обвинителството бара притвор за сите 36 обвинети за немирите на 27 април

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побарало притвор за сите 36 обвинети за упадот во Собранието на 27 април, годинава, меѓу кои се и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, објави „Макфакс“, повикувајќи се на сопствени извори.

Пред кривичниот суд, каде дел од приведените кои се дел од истрагата се на распит, се собираат приврзаници на партијата, а се очекува да пристигне и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој јавно повика на протест.

Меѓу присутните пред Судот е и Соња Тарчуловска, сопругата на Јохан Тарчуловски, кој неофицијално е опфатен во истрагата.

Обвинителството соопшти дека е отворена истрага против 36 лица кои се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, за кое е предвидена минимална казна затвор од најмалку 10 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.