Обвинителството бара смртна казна за Царнаев

Обвинителството на САД побара смртна казна за Џохар Царнаев, извршителот на нападот за време на  бостонскиот маратон. Одлуката за смртна пресуда ја донел  главниот обвинител Ерик Холдер.

Браќата Царнаеви, се обвинети за терористичкиот напад во кој три лица беа убиени и над 260 повредени. Двојниот бомбашки напад беше извршен во Бостон за време на локалниот маратон во април минатата година.  Американците го оценија овој напад како еден од најсериозните терористички напади во САД по 11 септември 2001.

Според Обвинителството, браќата Тамерлан и Џохар Царнаеви, етнички Чеченци од Русија, кои живееле во Бостон десетина години, ги поставиле експлозивите. Постариот брат Тамерлан беше убиен во престрелката со полицијата