Обвинителството го расветлува убиството на Дижонска

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за обезбедување и прибирање траги од лице место за настанот кој се случи синоќа во скопски Чаир, кога едно лице беше лишено од живот.

Издадена е и Наредба за вршење обдукција на починатата. Обвинителството презема бројни дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот и кривичната одговорност на сторителот, информираат од ЈО.

Истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје продолжува.