Обвинителството утврди дека Крпач се самоубил

Основното јавно обвинителство – Скопје денеска ја извести јавноста дека од досегашниот тек на предистражната постапка во предметот за починатото лице К.К. е утврдено дека станува збор за самоубиство.

Основното јавно обвинителство кое ја води истрагата за смртта на Коста Крпач пред помалку од месец дена сопшти дека не добило ниту еден доказ или каква било релевантна информација од Специјалното јавно обвинителство и покрај тоа што тоа било побарано .

Тогаш од Специјалното јавно обвинителство информираа дека со ОЈО Скопје споделиле дел од наводите што ги имаат, но информациите и списите кои биле барани, а кои не се поврзани со испитување на околностите под кои настапила смртта на Крпач, не му ги доставиле на Основното јавно обвинителство Скопје бидејќи се дел од предистражната постапка која ја водат.

Суштинските прашања на кои што за жал се уште нема одговор се зошто СЈО наредиле претрес во домот на Коста Крпач? Дали тоа морало да се случува пред очите на неговото дете, сопругата, соседите? Што нашле за време на претресот? Зошто доколку СЈО немал намера да го гони Коста Крпач би им пречело прекинувањето на постапката од страна на претседателот Ѓорге Иванов?

Она што дополнитело останува енигма е прашањето зошто ако соработката со Крпач била беспрекорна, како што изјавија од СЈО, во два наврати Крпач и неговото семејство биле вознемирувани преку алфите со претреси во ноќните часови.

Во конфузното и контрадикорно соопштение кое СЈО го испрати до медиумите по смртта на Крпач, меѓу другото се велеше дека ова јавно обвинителство поседувало докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓал Коста Крпач.

-Но, со оглед дека се работи за исклучително доверливи информации, тие нема да ѝ бидат соопштени на јавноста во овој момент. Секако, доколку се јави потреба, ние сме отворени за соработка со органите на прогонот што ја испитуваат смртта на сега покојниот, стоеше во соопштението од СЈО.

СЈО и Катица Јанева досега на јавноста и немаат одговорено за ваквите тврдења. Наспроти тврдењата на СЈО дека поседува докази за притисокот под кој се наоѓал сега починатиот, од ова обвинителство не поднеле некаква пријава за закани кон ова лице.

Дополнително ниту во полицискиот билтен изминатит период не беше објавено дека поднесена е пријава за закани кон Крпач, по што војавноста се постави дали СЈО лаже во соопштениетодека имале докази, или пак нешто прикриваат? Јанева и СЈО за тврдењата дека имаат докази, не доставија ништо ниту до ОЈО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.