Обвинителството во БиХ покрена обвинение против 13 лица кои експлоатирале лица од Македонија, Србија и БиХ

Обвинителството на БиХ покрена обвинение против 13 лица кои се товарат за експлоатација на повеќе од 600 лица.Тие врбувале државјани на БиХ, Србија и Македонија за наводна работа во Азербејџан, пишува Блиц. Меѓу обвинетите се и неколку лица со двојно државјанство на БиХ и Србија.

Со истрагата е утврдено дека обвинетите за организиран криминал и трговија со луѓе ја искористителе финансиската положба и загрозената егзистенција на тие лица, во период од 2007 до 2009 година и организирале заминување на повеќе стотина граѓани на наводна работа во Азербејџан и тамошно вработување.

По заминувањето во странство работниците се држани во нечовечки услови, со скратено плаќање на надоместокот за работа, парично биле казнувани, биле приморани да работат прекувремено без можност за одбивање на било каква работа.

На работниците исто така им биле одземани и пасошите па биле потполно зависни од обвинетите. Немале средства за живот, има била ограничена слободата на движењето и можноста за враќање во БиХ.

Експлоатирајќи ги жртвите, обвинатите оставриле повеќемилионска незаконска имотна корист, пари што ги држеле на сметки во повеќе земји.

Според насобраните докази, се работи за износ од три милиони евра, за кои е побарано одземање во текот на постапката, соопштија од Обвинителството на БиХ.