Обвинитиот за обид за убиство на Села излегува од Шутка

Александар Јаневски – Тошта излегува од притворот во затвото во Шуто Оризари, објави во петокот Tелма, повикувајќи се на извори од Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје според кои судот му ја укинал мерката притвоr и му определиле куќен притвор во случајот со нападот врз лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во текот на настаните од 27-ми март во Собранието.

„Според нашите извори Обвинителството побарало да му се замeни мерката со куќен притвор за што е приложена и медицинска документација за влошената здравствена состојба и можно уште денеска Јаневски да биде го напушти затворот“, објави телевизијата.

Ова следува откако пред два дена на судењето за нападот на Села, на Тошта му се слоши и падна на подот во судницата и со брза помош беше однесен во градката болница 8-ми септември. Од таму по неколкучасовните прегледи повторно со амбулантно возило беше вратен во Шутка а неговата одбрана реагираше дека нема услови во затворот за неговиот клиент кој е со влошено здравје.

На судењето обвинителот направи измени на обивнението но за Тошта остана истото кривично дело убиство во обид на Села, по што се изнервира и рече дека го гонат за убиство затоа што е основач на ВМРО. Врз основа на последната снимка обвинителот го ослободи од обвинение Сашо Сенков а за Стојан Павлески и Цејо Георгиевкси определи насилество што е полесно криивчно дело.