Очајот на СДСМ без граници: Плусинфо дели совети како да се нагрдуваат и сквернават институциите на граѓаните

СДСМ повторно покажува дека целосно ја губи контролата, онака како што го губи и рејтингот кај граѓаните. Очајот кај опозициската партија како последица на слабиот рејтинг и минималната доверба кај граѓаните резултира со насилство.

На протестите во организација на СДСМ и невладините на Сорос, агонијата во која се наоѓаат излегува на површина. Опозициската партија вниманието кон себе се обидува да го сврти со напади, боење на институциите и сквернавење на спомениците. Помош добива и од медиумите, па така опозицискиот Плус инфо вечерва  објави упатство за тоа како да се направат балони со боја кои хулиганите ги користат за уништување на спомениците и институциите.

Во хулиганството, нападот на полицијата, кршењето на прозорците и уништувањето на спомениците и разните државни и приватни објекти, крадење, палење и уништување на инвентарот во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, сквернавењето на Порта Македонија, фрлањето боја и прашок за перење во фонтаната на Александар Македонски, „бомбардирање“ со боја на зградите на Министерството за култура, Владата на Република Македонија, Агенцијата за медиуми, лавовите на мостот „Гоце Делчев“,споменикот на АСНОМ и др, на протестите организирани од невладините на Сорос и СДСМ, учествуваат високи фукционери и членови на СДСМ.

Со уништувањето и сквернавењето СДСМ директно удри врз илинденците, децата бегалци, асномците, бранителите,комитите, спортистите. Ваквото деструктивно однесување на СДСМ е уште една потврда во низата дека наместо на демократски начин преку избори и понудена програма со проекти за граѓаните, СДСМ со насилство се обидува да дојде на власт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.