Очекувајте ново големо поскапување на цените на горивата

Американската нафта за испорака во јули вчера на берзата во Њујорк се продаваше за цена од 49,19 долари за еден барел, а северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија вчерашното тргување го заврши на ниво од 50,1 долари за барел.

Инаку, оваа цена е за долар и половина повисока од просечната цена врз основа на која се формираа малопродажните цени минатиот понеделник.

Наредната корекција регулаторите ја закажаа за 13 јуни. Ако се задржи ваквиот тренд на цените, тогаш може да очекуваме дека горивата ќе поскапат за околу 1 до 2 денари по литар.

Иако во моментов цената на нафтата бележи стагнација, предвидувањата се дека таа ќе расте кон средината на летото. Во таква ситуација, за верување е дека за летните одмори, ќе полниме гориво по 70 денари за литар.