Очекувајте повторно гужви: Приоритет на движење за колоната на кардиналот Паролин

Денес очекувајте повторно гужви во сообраќајот низ улиците во Скопје.

Од сообраќајната полиција информираат дека од вчера во официјална посета на Република Македонија престојува кардиналот Пјетро Паролин, државен секретар при Светиот престол.

За време на движењето на колоната возила под придружба по сообраќајниците низ градот, ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници.

Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе бидат давани од страна полициските службеници и да бидат внимателни и трпеливи, а веднаш по поминување на колоната под придружба од нивна страна ќе бидат превземени мерки за целосно нормализирање на сообраќајот.