Очекувано: Сорос планира протести во САД

Сајтот „Breitbart“, медиумот на главниот советник на Доналд Трамп, Стивен Бенон, ексклузивно дознава дека Сорос со неговите милиони и милијарди, заедно со некој од Демократите, подготвуваат постојани , долготрајни и распространети протести во САД (жените против…, црнците против…, студентите против…, имигрантите против… и слични финти) против легитимниот и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Минатата недела, „Breitbart“ објавија дека политички лидери отворено се поврзани со групи финансирани од милијардерот Џорџ Сорос.

Организирање за акција (ОФА) е проект што произлезе од изборната кампања на Обама во 2012 кампања за организирање на Америка, и стана непрофитна организација која делуваше како „адвокат“ за политиката на претседателот.

Во еден неодамнешен пост на Фејсбук под наслов: „Вдишете длабоко. Па преземете акција“, ОФА повикала да се лобира кај гласачите особено до 26 февруари, кога пратениците ќе бидат во нивните области.

На постот бил вклучен линк до водич  за тоа како да се организираат против Трамп, објави „Breitbart“.

Организацијта „Невидливи“ која е дел од ОФА, е дел од коалицијата на групи кои планираат да  одржи голем анти-Трамп протест во март во Вашингтон, а и на најмалку 60 други локации на 15 април. Организаторите на маршот се отворено финансиски поддржани од Сорос.

сорос

Според „Breitbart“, групите и НВО организациите кои се финансирани од Сорос планираат „спонтани” протести низ САД во март, налик на оние кои беа во Македонија. За ова биле пуштени огромни финансиски средства од Џорџ Сорос, преку мрежата на над 50 невладини организации кои всушност се обични партиски филијали на демократите во Америка.

-За тоа веќе се пуштени големи финансиски средства од Сорос, преку октоподот на повеќе од 50 „независни” и “граѓански” организации, кои се всушност обични партиско-идеолошки филијали. „Спонтаните“ протести на Сорос се планираат во главниот град Вашингтон и во 60 други градови низ САД, пишува „Breitbart“.

Дури шест од осумте групи кои стојат зад организацијата на протестите се или финансирани од Сорос или пак на некаков начин поврзани со неговото “Отворено општество“. Меѓу нив е и организацијата „Move on“ формирана и финансирана од Џорџ Сорос и на чиј сајт стои дека тие организирале над 200 протести во Америка по изборот на Доналд Трамп за претседател.

Наводна причина за протестите кои соросоидите ќе ги организираат во САД е таканаречениот „Даночен марш“, на кој ќе учествуваат активисти на овие невладини организации, кои ќе се претставуваат како обични луѓе.

Брајтбарт открива дека организацијата која стои зад протестите „Американци за фер даноци“ е постојано на платен список на Сорос.

Центарот за Популарна демократија е воден од активисти кои се поврзани со Сорос. Во 2013, Марбл Стахли стана адвокат на Сорос со десетици проекти годишно кои варираат од 58.000 долари, па се до 110.250 долари – пишува „Breitbart“.