Очајот и мизеријата на СДСМ кулминира – Саше Политико на работна задача!

Иако и порано Саше Политико имал јавни испади, тие не биле со поголем интензитет, но денес тој го премина прагот и влета на изјавата во живо што течеше на Канал 5, а на линк беше пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, пишува „Денешен“.

Намерата на Саше Ивановски беше по секоја цена да го прекине настанот во што и успеа, на максимално брутален, несовесен и нецивилизиран начин.  Ваквата стратегија на СДСМ, чиј инстумент и платеник е Саше Политико е резултат на очајот кој што владее во нивните редови по дебаклот со слабиот митинг кој што го доживеа СДСМ каде наместо 100 илјади како што најавуваа се појавија едвај 20 илјади членови.

Зад ваквиот приземен начин на дејствување стои нарачка од СДСМ.

Информациите до кои дојде „Денешен“ се дека Саше Политико во стил на камиказа е платен од луѓе на СДСМ со по 1.000 евра месечно да прави упади во изјави и со разни свои испади да прави притисоци и провоцира луѓето од владата или поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквото однесување го одобрува СДСМ чие раководство може да се забележи често во присуство на Саше Ивановски, па така најново се вчерашните фотографии меѓу Политико и Зоран Заев, Радмила Шекеринска и други.  Тој ги посети шаторите на СДСМ поставени пред владата и беше јавно охрабруван од Жерновски и Заев да продолжи со своето девијантно однесување.

–Браво Саше убаво им правиш, продолжи така, беа коментарите кои му ги дадоа.

Саше Ивановски познат како Политико е препознатлив по своите испади, говор на омраза, провокации, а во последно време и по упадите кои што ги прави при јавните настапи на политичари кои претходно се посочени директно од СДСМ како луѓе чии настапи треба да се прекинат и проблематизираат. Саше Политико кој со парите на СОРОС и Владимир Милчин Милчин направи и раководи медиуми е отворен поддржувач на актуелното раководство на СДСМ.