Македонија

Очекувајте локални врнежи од дожд и снег

Очекувајте локални врнежи од дожд и снег

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд и снег со послаб интензитет кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец особено во источните делови и долж Повардарието, пренесува МИА.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до четири и дневна до девет степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи претежно од снег со послаб интензитет.

Во понеделник времето ќе биде значително студено, на повеќе места со силен северен ветер, особено во понеделник и во вторник ќе дува засилен до силен северен ветер.