Очекувајте пороен дожд и грмежи, можен е и град

Умерено облачно со слаб дожд, ни најавуваат метеоролозите за денеска претпладно додека за подоцна велат дека преку земјата од запад кон исток ќе премине нестабилна облачна маса и ќе има појава на пороен дожд, грмежи и изолирана појава на град.

Ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер.

Температурите низ Македонија ќе се движат од 15 до 21 степен. Во Скопје ќе преовладува слично време се максимална температура од 19 степени.