Свет

Очув ја убил ќерката, мислел дека е крадец

Очув ја убил ќерката, мислел дека е крадец

Четиринаесет  Киана О’Неил се враќала доцна навечер од забава кога нејзиниот очув  помислил дека некој крадец влегол во куќата па ја застрелал.

Несреќната  девојка одлучила да оди на забава со пријателите. Прозорот од подрумот го оставила отворен, за подоцна, по излегувањето, кое нејзините родители не и го дозволиле, да влезе дома.

За да ги избегне лекциите од родителите, кога се вратила, се обидела да се прикраде во својот дом.

Нејзиниот очув слушнал дека некој се прикрадува во куќата во мракот. Се исплашил, мислејќи дека станува збор за крадци, земал пиштол и почнал да пука. Пукнал два пати, еднаш ја погодил Киана во стомакот, а еднаш во градите.Од прострелните рани девојката  починала на самото место.

Очувот моментално се наоѓа под истрага која ќе покаже дали пукал во самоодбрана или пак со задна намера.