Од 1-април почнува сезоната за летните тераси, заинтересираните да поднесат барање

Сезоната на летните тераси и годинава ќе почне од 1-ви април. Од град Скопје денес ги повикаа заинтересираните корисници на јавни површини за добивање на Одобрение за поставување на урбана опрема и Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор во летната сезона 2016 своите Барања треба да ги достават во архивата на Град Скопје до 30.04.2016 година.

Оттаму известуваат дека летната сезона за вршење на дејност надвор од деловен простор и поставување на урбана опрема почнува од 01.04.2016 година до 31.10.2016 година.

По доставениот доказ за исполнетите обврски кон Градот и Општините, Град Скопје се обврзува во рок од 5 работни дена да издаде Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и Одобрение за поставување на урбана опрема, во согласност со Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на град Скопје (сл. гласник на Град Скопје бр.3/10, 3/11, 18/11, 11/14 i 16/15). По завршувањето на овој период Барања нема да се примаат, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.