Од 1 јули поскапуваат сите цигари

Ова е последно зголемување на цените за 3 денари по кутија. Согласно планот, од наредната година цигарите ќе поскапуваат по 4 денари годишно.

Ваквиот тренд на покачување за осум години драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава, кои се очекува да надминат 2,5 евра по кутија.