Македонија

Од 10 до 16 часот Куманово денеска ќе биде без вода

Од 10 до 16 часот Куманово денеска ќе биде без вода

Цело Куманово денеска ќе биде без вода од  10 до 16 часот.

Директорот на претпријатието „Водовод“ , Горан Стојковски информира дека добиле известување од „Кумановско-Липковско поле“ дека поради редовно сервисирање и оддржување на затворачот на цевководот од браната до филтер станицата, ќе нема испорака на вода кон филтер станицата.

Во последното деноноќие во Кумановско наврнаа 27 литри дожд на метар квадратен, информираат од Регионалниот Центар за управување со кризи. Од таму соопштуваат дека зголемено е нивото на реката Кумановка од 49 на 83 сантиметри. Реките Липковка и Оризарска река се излеале од коритата и поплавиле земјоделски површини насеани со житни култури за околу 100, односно, 70 хекатари. На локалниот пат Страцин –Куманово има мал одрон кој го расчистуваат екипите на ЈП „Македонија Пат“.