Од 1990 година живееме шест години подолго

Глобалното очекувано траење на животот се зголемило од 1990 година за повеќе од шест години, благодарение на падот на стапката на смртност од рак и срцеви болести во богатите земји и подобрите услови за преживување во сиромашните земји од болести како дијареа, туберкулоза и маларија.

Во анализата на научниците од проектот Глобал Брден оф дисис (ГБД) заклучиле дека животниот век се зголемува речиси насекаде во светот, со исклучок на субсахарска Африка, каде смртноста од ХИВ вирусот го намалила животниот век од 1990 година за околу пет години.

Кристофер Муреи, професор на глобално здравје на Универзитетот во Вашингтон, кој го водеше истражувањето објавено во медицинското списание „Лансет“ изјави дека високиот пораст на колективното дејствување и финанриање довело до намалување на стапката на смртност кај потенцијално смртоносните заразни болести како дијарејата, сипаниците, туберкулозата, ХИВ и маларијата.

Муреи додаде дека некои поголеми хронични болести се занемарени и оти им се зголемува важноста како закана за животниот век, особено проблемите с дрогата, но и цирозата на црниот дброб, дијабетесот и болестите на бубрезите.

Последното истражување на тимот на Муреј покажа дека некои сиромашни земји забележале исклучително големи успеси во очекуваниот раст на животниот век во тој период, бидејќи луѓето во Непал, Руанда, Етиопија, Нигерија, Малдиви, Источен Тимор и Иран денес живеат во просек 12 години подолго.