Македонија

Од 24 продадени парцели во 2014, приход од 27.2 милиона денари а легализирани и 5122 дивоградби

Од 24 продадени парцели во 2014, приход од 27.2 милиона денари а легализирани и 5122 дивоградби

Надлежните служби од одделението за урбанизам во Штип, го подготвија извештајот за реализација на програмата за продажба на градежно земјиште за 2014 година. Според извештајот, во 2014 година Општина Штип продала вкупно 24 градежни парцели, дел за индивидуално домување а дел за стопански субјекти при што е оставрена добивка од 27.2 милиона денари, пренесува порталот „1.мк“.

Од оваа сума, 80% или 21.7 милиона денари се приход на Општина Штип додека 20% или 5.4 милиона денари се приход на Република Македонија. Ова е солиден процент на реализација на програмата за продажба на градежно земјиште и според службите, последните две години драстично е зголемен интересот за купување на градежни парцели како од физички така и од правни лица. И оваа година, локалната самоуправа има амбициозна програма која доколку се реализира, ќе овозможи прилив на средства за реализација на стотина проекти во Штип, додава 1.мк.

Инаку објавен е и извештајот за легализирани дивоградби во Штип, согласно кој во новата 2015 година, Општината влегува со уште половина од регистрираните дивоградби во градот. Само во последните два месеци решение се 148 предмети, од кои 143 позитивно и 5 негативно. Вкупната бројка на решение предмети од почетокот на процесот на легализација изнесува 5122 објекти, што значи дека локалната самоуправа до сега решила половина од предметите, со оглед на тоа што во Штип се регистрирани над 10.463 дивоградби.