Од 26 март во Скопје нов центар за британски визи

Mакедонските граѓани на кои им е потребна британска виза oд 26 март годинава ќе можат аликациите да ги доставуваат до компанијата Teleperformance, која има потпишано договор со британската Агенција за визи и миграција, објави МИА.

Канцеларијата на компанијата ќе биде лоцирана во трговскиот центар Соравија и ќе работи од 9 до 13 часот од понеделник до среда. Апликациите за визи ќе се примаат со претходно закажан термин.

За услугата граѓаните ќе треба да платат 59 фунти, кои ќе се наплаќаат во евра според моменталната конзуларна курсна листа, која што претходно е одобрена од Парламентот на Обединетото Кралство.

Повеќе информации околу измените во врска со начинот на работа, граѓаните ќе можат да добијат преку веб страната на Амбасадата на Велика Британија.

Британската Агенција за визи и миграција на 30 септември објави дека глобалните договори за оперирање со центрите за аплицирање за визи им се доделени на фирмите Teleperformance Ltd и VFS Global.

Македонските граѓани од пред околу две години досега мораа за британска виза да одат во Белград, соседна Србија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.