Од 3 до 4 милијарди долари штета за земјите во кои има ебола

Епидемијата од ебола земјите јужно од Сахара ќe ги чини од три до четри милијарди долари, предвидува Светската банка. Тоа е многу помалку од претходните предвидувања односно од најлошото сценатио од 32 милијарди долари, изјави денеска главниот економист за Африка на СБ, Франсиско Ферејра.

Тој посочи дека е намалена опасноста од најлошото сценарио за влијанието на еболата врз економијата, поради успешното справување со епидемијата во некои земји.

Свестка банка во октомврискиот извештај истакна дека ако вирусот се прошири надвор од границите на Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија, Африка би претрпела штети од десетици милијарди долари поради нарушување на трансграничната трговија, рутите на достава и туризмот.

До 14.ноември, според податоците од Светската здравствена организација во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне починале 5.177 луѓе, а 14.133 се инфицирани.