Од април почнува реконструкција на железничката станица во Прилеп

Во април ќе започне реконструкција на железничката станица во Прилеп, најави премиерот Никола Груевски на масовниот народен собир во градот.

– Во април ќе започне реконструкција на железничката станица во Прилеп, на која ќе пристигаат и новите шест возови, и се ова со најголем напор на Миле Јанакиески, човекот кој заедно со Марјан Ристевски направија најмногу за оваа општина и овој регион. А ако се суди по креираните снимки на Заев тие треба да се најлошите луѓе. Затоа велам, гледајте кој што прави и создава, рече премиерот.