Од Арената на Белградски саем се преместуваат 150 лица

Помошничката на градоначалникот на Белград, Ирена Вујовиќ изјави дека 150 лица кои се евакуирани од Oбреновац денеска во 12 часот ќе бидат преместени во хала на Белградски саем.

„Денеска во 12 часот, 150 лица од Арена ќе бидат префрлени во халата 11 на Белградски саем каде што се е подготвено за сместување,“ изјавила Вујовиќ за РТС.

Таа исто така додаде дека луѓето утре ќе бидат преместени од халата Пионир, а дека за сместување се подготвуваат и касарната и хотелот Обреновац.