Од август ќе се користат шестовалентни вакцини

Шестовалентните вакцини вчера пристигнаа во Република Македонија. Истите, како што денес најави премиерот Никола Груевски, во наредните две до три недели истите ќе се распределуваат низ сите јавни здравствени установи според претходно утврдена шема.

gruevski-izjavi500

-Околу 1 август ќе започне користењето на шестовалентните вакцини. Што се однесува до петовалентните вакцини тие треба да пристигнат на почетокот на август, а веднаш по нивното пристигнување ќе поче дистибуцијата и нивното користење ќе запоне од први септември, нагласи премиерот Груевски.

Тој додаде дека со ова е исполнето уште едно ветување дадено во изборната програма и пред македонските граѓани.