Од Австрија протерани околу 7.000 бегалци

Австриското Министерство за внатрешни работи соопшти дека земјата протерала околу седум илјади бегалци од почетокот на годинава.

Од вкупно 6.809 протерувања, 2.803 биле присилни. Според податоците на Министерството, 20 протерувања на бегалци се спроведени со чартер летови, а пет со автобуси, помогнато од европската полиција Фронтекс.

Неодамна се вратени шест Пакистанци во нивната земја, а осуммина во Бугарија.

– Секој мора да знае дека доколку нема право кај нас да добие азил, ќе мора да ја напушти Австрија, а ако не сака доброволно тогаш ќе биде протеран, изјави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер, пренесува МИА.

Австрија очекува дека до крајот на годинава ќе бидат поднесени околу 95.000 барања за добивање азил.